УСПЕШНО РЕАЛИЗИРАНА УШТЕ ЕДНА НАУЧНА МЕДИЦИНСКА РАБОТИЛНИЦA
🙌Ни претставува огромна чест и задоволство што во текот на оваа година, СОМА заедно со ФСС (ФМН-УГД) ја организираше својата II Научна медицинска работилница од областа на хирургијата.
✅Настанот беше организиран од студентите на ФМН при УГД-Штип и истиот се состоеше од 2 дела:
1️⃣пленарна сесија со предавања од областа на дигестивната, торакалната и неврохирургијата;
2️⃣практична работилница за основните техники на шиење од областа на општата хирургија.
🙏Сакаме да им се заблагодариме на нашите предавачи, кои вложија труд и го покажаа својот професионализам, реализирајќи ја идејата на студентите.
🩺Теми коишто беа опфатени на конференцијата:
1. ,,Основи на лапароскопската хирургија – индикации и употреба‘‘ – Проф. д-р Илија Милев;
2. ,,Примена на видео асистираната торакоскопија – ВАТС во современата торакална хирургија‘‘ – Проф. д-р Стефан Петровски;
3. ,,Важноста во брзината на третманот на интракранијалните крварења за подобар невролошки резултат на пациентите‘‘ – д-р Владко Захариев;
4. ,,Рани и повреди‘‘ – Дали современата медицина може да се спротистави на стереотипите на истите?‘‘ – д-р Александар Лонгуров
❤️Во оваа прилика сакаме да се заблагодариме на Клиничка болница-Штип и Дом на млади-Штип кој ни овозможија безпрекорна реализација на целиот проект, како и на колешката Иванка Караѓозова Трчкова за несебичната помош и поддршка!
❤️Голема благодарност до нашите спонзори, без кои овие настани не би биле на ова високо ниво и секако да ги поздравиме нашите членови и колеги кои што присуствуваа и успешно го реализираа целиот овој настан!
•Клиничка Болница Штип
•Дом на млади Штип
•Лаки Гриц
•Podravka Makedonija
•Sinalco
•Ivanka Karagjozova Trchkova
•Факултетско студентско собрание на ФМН- УГД
•Faculty of Medical Sciences, Goce Delcev University
•’Goce Delcev’ University – Stip (Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип)
ДА ТВОРИМЕ ЗАЕДНО И ПОСВЕТЕНО ЗА ЗАЕДНИЧКИ УСПЕСИ ВО ИДНИНА!