На 12.03.2022 во дворот на ОУК Дом на Млади, Извидничкиот одред Еквинокс ги одбележа својот 4-ти роденден, како и 22 февруари – денот на извидниците, со свечена церемонија за давање завет за најновите членови и мала коктел забава.
На настанот освен што присуствуваа родители, другарчиња и подржувачи на извидниците, присуствуваа и градоначалникот на Општина Штип г-дин Иван Јорданов, Сојуз на извидници на Македонија и Старешината Бобан Москов, генералната секретарка на НМСМ – Мариана Ангелова.