Денеска во наша организација се одржа дискусија со останатите активни младински здруженија од нашата локална заедница Извиднички одред ЕКВИНОКС и Girl up Club Shtip.
Разговараме за младинскиот активизам во нашата локална заедница и затоа колкав е интересот на младите да учествуваат во активности кои се дел од планот и програмата за работа на младинските организации , а со тоа да бидат и активни чинители за промени.
Заеднички констатиравме дека бројот на членови за изнанадување во текот на пандемијата се има зголемено, како резултат на желбата на младите да учествуваат во активности кои не се поврзани со онлајн едукации и работилници.
Секоја една од нашите организации
ја има прилагодено работата согласно посебните протоколи за спречување од ширење на Covid19, но се соочуваме со огромен предизвик при организација на било каков тип на активности.