Мултимедијален настан, организиран од Ана Стојанова, Стефанија Митева, Ирена Миовска, Ангела Радмановиќ и Михаил Илиев матуранти од СОУ “Јане Сандански” Штип.
Преку разни уметнички творби ги прикажаa своите проектни задачи за матура.
Започнувајќи од 11:30 со изложба на фотографии на теми “Животот на уметниците” и “Иронија на денешницата”, потоа следувше видео презентација на тема “Преку разговор до поттик за чување на физичкото и менталното здравје” и за крај литературно читање на поеми и извадоци од светска литература.