Skip links

NECI Motive Talk

Одбележuвање на годишнината од нашето постоење преку една вечерна дружба на успешни и мотивирачки животни приказни.
Секој кој е дел од нашиот тим има една заедничка цел успех, колективен и индивидуален развој.

Како наш гостин го имаме човекот кој стана синоним за мотивација, а неговите книги инспирација за многу…
11.9.2020 (петок) во 19:00 часот со КОСТА ПЕТРОВ.
Говорници на оваа вечер ќе бидат и:
– Викторија Кукушев – претседател на NECI NMK, која ќе ја пренесе приказната за формирањето и работењето на организацијата;
– Елена Рибарска – член на NECI NMK со својата приказна и искуство, каде ја однесе организација на личен и професионален план – како бруцош на Факултетот за медицински науки.

Настанот се организира согласно мерките за COVID-19.
На самиот влез ќе биде поставен пункт за дезинфекција.
Од самиот старт на нашата организација јасно ги зацртавме нашите цели на кои се темели целокупната наша работа, а тоа е работа со млади и возрасни насочени кон намалување на дискриминацијата и маргинализацијата, реализирање на нашиот заеднички европски идентитет преку повеќе активности што се засноваат на семинари, работилници, студиски посети, информирање за отворени работни места, волонтирање, размена на млади.
Нашата цел останува и понатаму иста создавање на моќна група / тим на граѓани на Европа од различно културно потекло и едукативно и финансиско ниво кои имаат иста визија: еднакви и пристојни можности за доживотно учење, развој на компетенции, правда, здравје и уживање во здрава животна средина.