Промоција на книгата „Од Компетентност до Комплетност“ од авторот Киро Јорданов.
Книгата претставува прирачник за преживување на наставници. Во издание на Арс Ламина.
Книгата е посветена и им служи на сите наставници, идни наставници, родители и сите кои сакаат одблизу да се запознаат со образованието и образовниот процес од повеќе аспекти. Имено: Работа со надарени ученици; Управување со училницата; Работа со ученици со посебни образовани потреби – Инклузивно образование; Подучување на вештини од 21ви век; Оценување; Алтернативни форми на настава; Технологијата во образованието и Професионален рзвој на наставниците.
Рецензенти и промотори на книгата се Проф. д-р Снежана Мирасчиева и Проф. д-р Кирил Барбареев.