ПРОМОЦИЈА НА НОВ СТУДИСКИ АЛБУМ од Доц. Д-р Горанчо Ангелов, Музичка академија, Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип
СРЕДА 17.02.2021 Г ПОЧЕТОК 19:30h
Народните музички инструменти како оставштина градена и негувана со
векови наназад од нашите предци претставуваат значаен сегмент во градењето
на музичката традиција. Како дел од материјалната култура народните музички
инструменти се повеќе од значајни за секој народ кој преку нив се идентификува
во средината во која живее и надвор од неа. Присутноста на поголем дел од постарите музичките инструменти во денешно време ни укажува на нивната важна улога во севкупното човеково опстојување и културно изградување.
Гајдата како еден од народните музички инструменти кој сеуште наоѓа примена во Македонија е носител на една долговековна музичка инструментална традиција со изградени естетско-стилски обележја. Многубројните умотворби, преданија и објавени трудови за гајдата и нејзината употреба зборуваат за присуството и прифатеноста на овој музички инструмент помеѓу населението во Македонија во минатото. И во денешно време овој инструмент е присутен но со доста помала застапеност. Ако во минатото секое село имало по еден или повеќе гајдаџии, со замирањето на руралните средини се случува и постепено намалување на побарувањето на овој инструмент што резултира со помала
застапеност.