Проекција на филмот „Врба“ на Милчо Манчевски
Четврток 06.02.2020г
Почеток 20:00ч
Влез:100 ден
Шестиот филм на Манчевски „Врба“ ја следи приказната за три македонски жени кои не го менуваат светот или општеството, но нивната борба да станат мајки ги прави хероини во филмот. Трите приказни, една средновековна, две современи, се огледуваат една во друга и се надополнуваат, истражувајќи теми на љубов, доверба и мајчинство.