
ЗА НАС
ОУК ДОМ НА МЛАДИ – ШТИП
Дом на млади со уметнички акции интервенции ги инспирира другите да сонуваат повеќе, да научат повеќе и да станат повеќе.
Oпштинска установа за култура Дом на млади-Штип претставува центар за развој на младите во Општина Штип. Тој игра важна улога во културниот живот и начин на размислување на граѓаните во Штип.
ОУК Дом на млади – Штип во своето 40 годишно постоење има големо влијание во културниот живот на младите како промотор на сите дејности во областа на културата и неформалното образование.
Штип e универзитетски центар, кој има потреба од организиран културен пристап кон младите кои живеат постојано или привремено во нашата општина. Затоа, OУК Дом на млади-Штип ги следи современите културни тенденции, да биде во тек со новите технолошки достигнувања, но и да се искачи на културниот пиедестал, како водач во урбаното живеење на граѓаните.

Дискографија
Младите пеат за Шопов

Настани
Резервирај на време
Настани


Националниот Џез Оркестар гостува во Штип во склоп на Штипско Културно Лето!
