Skip links

Недела на македонски филмови

Недела на македонски филмови – 29.30 и 31 јануари.

Премиера на „Дедо и Внук“
Среда 29.01 почеток 20:00ч, влез:100 мкд
Дедо и Внук
После смртта на едно дете пациент, кое чека лекување во странство, настанува скандал и младиот доктор Никола за да го избегне притисокот е приморан оди на посета кај дедо му, каде што не бил повеќе од 10 години и таму се среќава со проблемите од неговото минато.

Проекција на филмот “Медена земја”
Четврток 30.01 почеток 20:00ч, влез:100 мкд
„Медена земја“ филмот номиниран за Окар во две категории ќе се прикажува во Домот на млади во Штип на 25 ти јануари со почеток во 20 часот! Ова е прв пат во светската филмска историја документарен филм да добие две номинации во иста година за наградите на Академијата!
Најнаградуваниот македонски документарец триумфираше на престижниот филмски фестивал „Санденс“ минатата година каде доби три награди.
Изминатите денови освои две награди на Избор на критиката за документарци во САД. На режисерите Тамара Котевска и Љубо Стефанов им беше доделена наградата за најдобар прв документарен филм, а на главната протагонистката во документарецот – Атиџе Муратова ѝ беше врачена наградата за најпривлечен лик во документарец. Наградите, кои ги доделува Американското здружение на критичарите, се сметаат за едни од најдобрите предвидувања на номинациите за „Оскар“, што ќе бидат соопштени во јануари 2020.
„Земи половина од медот, половина остави за пчелите.“
По ова правило за баланс со природата се води Атиџе, последната жена-одгледувач на диви пчели во Европа, која живее сама со својата мајка во централна Македонија. Но,
кога во нејзиното соседство ќе се досели номадско семејство-пчелари, таа се соочува со сериозен предизвик, да ги спаси пчелите и да ја зачува природната рамнотежа на земјата.
Ако еден го прекрши правилото, сите ја плаќаат цената!
Времетраење: 85 мин.
Режисери: Љубо Стефанов и Тамара Котевска
Сниматели: Фејми Даут и Самир Љума
Продуцент и монтажер: Атанас Георгиев
Музика: „Фолтин“
Протагонисти: Атиџе Муратова, Назифе Муратова, Хусеин Сам, Љутвие Сам, Музафер
Сам…
Жанр: Документарен
Возрасна категорија: Сите

„Врба“ филм на Милчо Манчевски
Петок 31.01.2020г почеток 20:00ч влез:100 ден
Шестиот филм на Манчевски „Врба“ ја следи приказната за три македонски жени кои не го менуваат светот или општеството, но нивната борба да станат мајки ги прави хероини во филмот. Трите приказни, една средновековна, две современи, се огледуваат една во друга и се надополнуваат, истражувајќи теми на љубов, доверба и мајчинство

Leave a comment