Со овој концерт започнува второто издание на овој фестивал посветен на перкусиите.
Ќе настапат реномираниот македонски перкусионист Драган Даутовски, а покрај неговиот солистички настап ќе имаме ретка можност да присуствуваме на древниот спој на поезијата и перкусиите. Големиот босански поет и писател Ахмед Буриќ ќе ја говори својата поезија придружен од Даутовски и неговиот стар соработник Тони Китановски на гитара, а ќе настапи и големиот грчки перкусионист Костас Анастасијадис.
Настанот е во организација на Домот на млади и универзитетот Гоце Делчев од Штип, со подршка од министерството за култура