Писателката Симона Петреска во Домот на млади, ќе одржи промоција на својата прва книга “Радоста на постоењето”
на 05.10.2023 (четврток) со почеток од 19:30 часот.
За книгата таа вели дека мотив ѝ бил нејзиниот личен развој, а нејзиното искуство го преточува на хартија, оставајќи простор секој, индивидуално да ја извлече пораката од книгата, во зависност од тоа со какви моменти се соочува во животот.