Концерт на Македонски Брас Квинтет
13.06.2022 (понеделник) 19:30 часот.
Влезот е слободен.
Македонскиот Брас Квинтет е состав оформен во 2017 та година како иницијатива за музицирање во најпознатиот формат за камерна музика за лимените инструменти. Во составот членуваат:
Aлександар Златески – прва труба (прва труба во Национална Опера и Балет, долгогодишен член на Градскиот Оркестар Скопје и на Биг Бендот на МРТВ)
Драган Младеноски – втора труба (прва труба во Филхармонија на Р.М. , долгогодишен член на Биг Бендот на МРТВ како и активен соработник на видни музички имиња како Кирил Џајковски и др.)
Антонио Костевски – хорна (прв хорнист на Национална Опера и Балет, поранешен прв хорнист на Софиската Опера, како и постојан соработник на оркестарот ФАМЕС)
Димче Белчовски – тромбон (прв тромбон во Филхармонија на Р.М. , доцент на Факултетот за Музичка Уметност-Скопје и професор по тромбон и туба во ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“)
Александар Ниниќ – туба (тубист во Филхармонија на Р.М., долгогодишен надворешен соработник на Градски Дувачки Оркестар, Национална Опера и Балет).
Во својата кратка, но богата историја, составот бележи повеќе настапи, од кои позначајни се: концертите во Њу Јорк во 2018та и 2019та година, концертот во Истанбул во 2021ва, серијата концерти во Берово (Музеј на Берово), Кочани (Дом на Културата „Бели Мугри“) и Скопје (Мала Сала на Филхармонија), Штип, Неготино, Куманово итн. Репертоарот на Македонскиот Брас Квинтет се движи низ различни музички жанрови, од самба до филмска музика и од традиционална македонска народна музика до џез. Покрај концертите, квинтетот остварува и едукативни дружења, со цел запознавање и доближување на лимените инструменти до публиката