Штипско културно лето, 35то по ред, продолжува во вторник 14.07.2020 со почеток во 20:30
Изложба на отворено, мурал на фасада од ДНМ
и изложба на скулптури на Ѓорѓе Јовановиќ
“Ѓорѓе Јовановиќ (Скопје, 1980) дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје (2003). Има реализирано повеќе проекти во чиј фокус се прашањата за интеграцијата и дезинтеграцијата на современиот човек. Во неговите дела тој ги преиспитува меѓучовечките односи во контекст на општата состојба на редефинирање на универзалните вредности, односот човек општество иконзумеризмот како клучен фактор на модерниот начин на живот, политиката како фактор на распаѓање на градовите, државите и семејствата. Присутен е и елементот на авто-референцијалноста, како и преиспитувањето на себеси во потесен и поширок контекст на распадот на старите и создавањето на нови вредности. Работи инсталации, перформанси, објекти, видеа, колажи и слики со цел да постигне трансформација на уметничкиот израз и индивидуална експресија, следејќи ја флуидноста на современиот контекст. Реализирал повеќе самостојни изложби во државата истранство: Хашиш, Галерија МКЦ Скопје, 2018) Chocolate Drops, Галерија Хоаст, (Виена 2018 ) Радио Слободно Скопје, Центар
за современи уметности (Скопје 2015-16), Изуми за вас, прекрасни луѓе!, Музеј на Современа уметност (Скопје, 2014), Исповедите на еден јадач на колачи (Ровињ, 2013), Фрагментарниот архив на уметникот од земјата во транзиција (Њујорк,2010), It’s Complicated (Грац, 2010), Лош ден за господинот Еузебио(Скопје, 2008), како и повеќе перформанси: Исповедите на еден јадач на колачи, изведен во Њујорк, Виена, Љубљана, Белград, Приштина, Ровињ,
Скопје,(2008-2013), Депресијата на новогодишната ноќ, (Скопје, 2005).
Селектирани групни изложби: Третиот простор, Павињон Мештровиќ, Загреб, Хрватска, Галерија Жилберт Гајар, Клермнoт Феран, Франција , Се
што ни е заедничко, Центар за современа уметност, Солун, Грција, Се што
ни е заедничко, Музеј на современата уметност, Скопје, (2019) Guerilla of Enlightenment, Галерија Ротор, Грац, Австрија (2018) Да се употреби повторно: минатото како костим или инспирација,Zachęta Project Room, Варшава, MitOst- Art in Public Spaces , Куќа на архитектурата,Порто, Португалија, 4 Идеи/ Ремикс Галерија Акантус, Скопје, Македонија (2017),Поетика, DadaEast, The Cloud, Тирана, Албанија, MitOst- Art in Public Spaces,Клуж, Романија (2016),Razoblicavanje,ЦЗКД, Белград, Србија, The Essence of Existence, Lauba Gallery, Загреб, Хрватска, Utopia = No Place orGood Place,Мултимедијален центар Мала Станица, Скопје,Македонија , Where(Not) to Go, MC Gallery, Њујорк, САД (2015) Nationless, Музеј насовремена уметност, Солун, Грција, BalkonzumBalkan, Stadlishe kunsthaus Баден Баден, Vienna Independent Shorts,Stadtkino-Kunstlerhaus,Виена, Скопје,Солидарноста-недовршенпроект, Музеј на современата уметност, Скопје, Накоњите им се кратки нозете, Галерија Ремонт, Белград, Србија, Трансфигурирање,Czech Centre, Прага, Чешка (2014), Balkan? , Oslo 10 (Projektarium IAAB), Базел, Participation-Participatory Practices as ArtisticStrategy, Tirana Express, Тирана, 7ми Франкофонскисредби, Ница,Франција, Ex-Ordinary, Collegium artisticum, Сараево, Босна, U10, Белград,Србија, Reinventing Bridges,Terasa Cărturești, Букурешт, Романија (2013)Alarm 2:1,Отворено графичко студио, Скопје, Македонија (2012)Re-locate, Rumeli Han, Истанбул (пропратна програмана 12 Истанбулско биенале), Shelter, Shelter Island, Хемптонс, САД, Фрагменти, Македонската ликовна сцена 1991-2011, Музеј на современата уметност, Скопје, Македонија (2011), 255.804km2, Hilger Brot Kunsthalle, Виена, 4th Performance festival, MahmudMoktarh Cultural Center, Каиро (2010), Alternative film / video, Internationalfestival of new film and video, Културенцентар Студентски град, Белград, Србија, The World Within,”Stedefreund” галерија, Берлин, Германија, Музеј на град Скопје, Македонија, “Денес” Награда за млад визуелен уметник, Музеј на град Скопје, Скопје, Македонија (2009)Alternative film / video, “Memory”, International festival of new film and video, Културен центар Студентски град, Белград, Србија, Tensions+ Breaking Points – Pancevo Art Salon .08, Галерија на современа уметност,Панчево, Србија, “New Arrivals” online platform for shorts,International Film Festival Rotterdam (IFFR) and Dutch broadcasting company NPS,Холандија, A SLICE OF BLOOD AND HONEY: Experimental Cinema from Macedonia, Nortwest Film Forum, Сиетл, САД, XIII Бианале на млади уметници од Европа и медитеранот, Бари, Италија (2008) Катаклизми и креативност-уметноста во време на несигурност, Музеј на современата уметност, Скопје,Weil gallery, Корпус Кристи, САД(2007).Speak Up, Галерија Myymala 2, Хелсинки, Финска, Преку границите, 8 биенале на млади уметници, Музеј на современа уметност, Скопје, Македонија, Real Presence Floating Sites, 51 Венециско биенале, Венеција, Италија (2005) Остварил повеќе резиденцијални престои: IAAB Базел, TICA-Tirana, La Cité internationale des Arts- Париз, Watermill
Centеr- Њујорк, Apartment project-Истанбул, ISCP- Њујорк, CCN-Грац.
Добитник е на повеќе награди: Денес за млад визуелен уметник за 2009, наградата за
видео на меѓународниот фестивал Алтернативен филм / Видео во Белград, 2009,
Акто фестивал, Битола, 2012 и Најдобар млад уметник на 10 Биенале на млади уметници, Музејот на современата уметност за 2013.