Штипско културно лето, 35то по ред, петок 09.07.2020 со почеток во 21:00.
Кабаре перформанс „Гледај радио“ во изведба на Трајче Јованов.
Гледај радио -Кабаре перформанс
Радиото е живо,
да живее радиото.
Велеа видоето ќe го убие радиото, телевизијата ќе го дотолчи, социјалните мрежи го расплачуваат.Сето тоа е е маркетинг, малку или повеќе лага .Орсон Велс, сo неговата радио драма, за нападот на вонземјаните, го потресе светот.Како тоа милиони луѓе ги зафати паника, од радио драма.Одговорот е едноставен.Радиото создава слика, претстава што само вие ја гледате , ја доживувате така, и ниту еден друг како вас, и обратно.Тоа е најсилната карта на радиото.Затоа велиме радиотo се гледа, а телевизијата слуша.
Трајче Јованов
Новинар по професија.Театарот е неговата љубов.Од 1980 година е член на Драмското студио при Домот на културата “Ацо Шопов“.Таму од Васил Шумански и Симеон Гаврилов ги учи театарските вештини.Повеќе од дваесет години бил на сцената во Домот на културата.“Живот и страданија Пасквелски“ од Гаврилов –Шумански, претстава која беше прогласена за најдобра аматерска претстава.Со Рујиш (Беговска), играше во
дуо драмата “Јон и Велика“ работена според “Пиреј“ од Петре М.Андреевски.Играше во “Картотека“ на Симеон Гаврилов, “Св.Ѓорги ја убива Ламјата “ од Русомир Богдановски, Полицајци од Мрожек, Јана од Ристо Лазаров.Својот највисок актерски дострел го имаше со монодрамата “Чекачот“ од Трајче Кацаров во продукција на Дом на млади Штип.Настапи на меѓународниот фестивал на монодрамата во Битола, со монодрамата настапи на Фестивали во Бања Лука и Тузла.1986 година учеше театарска естетика од Јован Ќирилов и Мира Траиловиќ.Таа година беше во ПР службата на БИТЕФ.