Skip links

Промоција на стихозбирка- “Дневникот на солзата” Силвана Панова – Мавромихаилова

Силвана Панова-Мавромихаиловае роденана 6.9.1978 година во Штип.
Основно и средно образование (гимназија) завршува во својот роден град. Во 2003 година дипломира на Филолошкиот факултет „БлажеКонески” во Скопје, на групата Македонска книжевност и јужнословенски книжевности и се здобива со стручен назив професор по македонска книжевност и
јужнословенски книжевности со македонски јазик.

Поезија и проза пишува уште во основно образование. Членува во литературни клубови. Добитничка е на
многубројни награди на литературно-наградни конкурси од областа на
поезијата и од областа на прозата. Во гимназија пишува поезија на македонски јазик, латински и француски јазик.

Една од нејзините песни на француски јазик
„Fleurs” во 1995 година ги краси страниците на престижното француско
списание „PressеPapiers“ кoе се печати во Италија, но го покрива целото
франкофонско подрачје. Нејзините песни се објавуваат и водомашните
печатени списанија.

Од средината на 2019 година започнува нов предизвик,
пишувајќи поезија и проза освен намакедонски и на српски јазик, објавувајќи
ги истите под псевдоним на електоронските портали и платформи.
„Дневникот на солзата” e прва нејзина печатена книга. Оваа збирка поезија е
избор песни кои авторката ги има напишано во периодот 1994 година до 2019 година. Живее и работи во Скопје.

Leave a comment