Skip links

Пиеса за срамот – Авторски проект на Трајче Кацаров

“Пиеса за срамот” – авторски проект на Трајче Кацаров

Големиот Писател А.П.Чехов рекол: “добриот човек се срамува и од своето куче” што значи дека доблестите на луѓето се во сооднос со срамот. Во наведената претстава која што доста едукативно ќе делува на помладата генерација, се зборува за одсуството на срамот, но и за начинот како во одредени ситуации да се почувствува. Како примери се издвојуваат учениците во основното училиште кои кај себе ги имаат душевните карактеристики, горделивоста, завидливоста и лакомоста.На крајот од претставата срамот се враќа на местото на своето постоење, тоест кај човекот. И како секоја поучна приказна и наѓава има среќен завршеток.

Проектот е финансиран од Министерството за култура и туризам, по конкурсот за програма од национален интерес за 2025 година.

04, 05 i 06.06.2025 ОУК Дом на млади – Штип
почеток 17:00 часот
ВЛЕЗ СЛОБОДЕН