Во хумористично-сатиричната претстава, преку главниот лик Весела Бојкот (Оле Поцкова) ги откриваме карактеристиките на нашата жена, одлуките во ситуации кои што бараат принципиелност. Весела Бојкот е подготвена да ги бојкотира маркетите во петок, од како два дена пред тоа ќе ги наполни пазарните корпи до врвот. Со тоа покажува дека е категорична во своите ставови или во одлуката да го бојкотира тоа што ја иселува надвор од комфортниот живот.
петок 16.05.2025.
ОУК Дом на млади – Штип
Влезница 200 денари.
