Skip links

Од игра до театар

“Од игра до театар” е еден од проектите подржани од Министерството за култура, како програма од национален интерес за 2021 година, реализиран во ОУК Дом на млади – Штип во соработна со младата актерка Ава Хусеини.

Опис на проектот:
„Од игра до театар“ е едукативен проект кој преку креативни работилници ќе ја доближи театарската уметност до децата. Децата ќе имаат можност преку игра и забава одблизу да се запознаат и директно да учестуваат во креативен процес, кој ќе придонесе за нивниот личен развој. Исто така креативниот процес ќе допринесе за социјалниот и емоционалниот развој на децата, поттикнување на креативноста, ослободување на фантазијата, подобрување на јазичните вештини, подобро изразување, збогатување на личниот вокабулар, подобрување на самодовербата, когнитивен и физички развој. Само на овој начин, преку игра и забава, може да се поттикне љубопитноста и желбата за спознавање на нешто ново. Како дел од овој проект освен театарски предвидени се и работилници за Театар на сенки и работилници за цртање.
*Работилниците ќе се одржат на отворено во рок од три месеци (еднаш неделно), каде што може да се пријават неограничен број на деца на возраст од 5 до 12 години. Сите работилници се бесплатни.

Leave a comment