Skip links

Зулу 3.4 – Џез концерт – ШКЛ20′

Промоција на нов албум.

Зулу 3.4 е инструментален бенд од Скопје, формиран во март 2018 година, од страна на тројца џез ентузијасти, чија цел е преку фузија на различни стилови да создадат уникатен звук и да внесат свежина на македонската музичка сцена.
Бендот се состои од три члена: Дамјан Даневски (тапани), Марио Симоновски (гитара) и Мартин Џорлев (клавијатури).
Дамјан Даневски е тапанар и бенд лидер на Зулу 3.4, по професија магистриран тапанар на Факултетот за Музичка Уметност во Штип, кој во својата десетгодишна кариера имал можност да настапува со бројни групи и изведувачи од македонската музичка сцена меѓу кои и „Нокаут“, Тони Китановски, Оливер Јосифовски , „Примордијална Манџа“ и многу други. Еден од основачите и активен член е на здружението за неформално образование на тапанари „Skopje Drum Talks”.
Гитаристот на Зулу 3.4, Марио Симоновски е дипломиран џез гитарист на Факултетот за Музичка Уметност во Штип, и исто така, долгогодишен активен музичар на македонската сцена кој настапува со Pluto’s Doubts.
Најмладиот член, клавијатуристот Мартин Џорлев, пак, својата пасија за музиката ја наследил од своето поблиско семејство и иако е штотуку завршен средношколец веќе свири повеќе инструменти.
И покрај тоа што се работи за релативно нов бенд, Зулу 3.4 досега бил дел од голем број настани, од кои позначајни се настапите во рамките на фестивалот „Синестетика“, „Акустичен Доручек“ и јубилејната 1000-та емисија на Петар Младеновски – „Пецетека“, Zulu 3.4//Station: Innermost live Club Havana Skopje , Zulu 3.4 Bar Cube/Kumanovo, Kabadayas//Zulu 3.4 Club Marakana/Skopje, Pin Conference Skopje, џез фестивалот „Фортнајт“, фестивалот „Мултикултиватор“ и „Рокафелас Фестивал“.

Во март 2019 тие го промовираа својот деби албум „FM to AM” , снимен во студиото Алшар од страна на Ивица Јанкуловски. Вториот албум “Expandability” е издаден на 5ти март 2020 проследен со концертна промоција.

Leave a comment