Skip links

Колонија на различностите 2025

Проектот „Колонија на Различности“ ги поврзува најмладите преку уметноста. Колонијата на различностите 2025 се одржува по шесети пат оваа година од 03 до 06 ноември во просториите на ОУК Дом на млади – Штип, под менторство на Дејан Витанов – Дипломиран ликовен уметник, ментор по ликовна уметност и Борче Петровски – Дефектолог. Проектот е поддржан од Министерство за Култура и Туризам како проект од национален интерес за 2025 година.

Работилниците ќе се одржат на 3 и 4 ноември, а изложбата со изработените дела ќе биде поставена во ОУК Дом на млади – Штип во среда на 6 ноември во 18:00 часот.