„Лица на револуцијата: Внатрешната Македонска Револуционерна Организација низ фотографии, 1893 – 1934“, изложба која со својот прониклив наслов, ветува дека ќебиде повеќе од патување низ минатото. Станува збор за револуционерно истражување на едно клучно поглавје во македонската историја, со досега необјавени фотографии од илинденската епопеја, кои ексклузивно ќе и бидат откриени на јавноста за прв пат.
Од предилинденскиот период, преку Илинденското
востание, до постстилинденската ера (1893-1903-1934), овие фотографии ги оживуваат личностите и историските настани кои ја дефинираат македонската борба за слобода.
Ова ексклузивно откривање на досега необјавени фотографии е покана да зачекориме низ историјата, да се поврземе со личностите кои ја обликувале македонската нација.
Изложба на Диме Ратајкоски и Душко Апостолоски
