Skip links

“КОМПАС” – работилници 1 и 2 јуни 2021

На 1 и 2 јуни во просториите на ОУК Дом на Млади – Штип беа одржани првите 2 работилници од “КОМПАС” програма која се состои од 6 работилници во Штип, Струмица и Пробиштип како дел од проектот “КОМПАС” спроведувана од Linking, Engagement, Advocacy and Development—Master Class LEAD стипендистите Мартина Јачевска, Ана Клесова и Дарко Тошиќ финансиски поддржана од Проектот на УСАИД за граѓанско учество.

Главната цел на овие активности на стипендистите е преку овие работилници да им помогнат на младите од Штип, Струмица и Пробиштип да пробаат да се пронајдат себеси и онаа дејност каде би сакале тие професионално да се надградуваат. Меѓу другото активностите резултираат и со поттикнување на младинскиот активизам кај младите активирајќи ги и давајќи им конструктивна улога во општеството.
Во следниот период ќе биде одржан уште еден настан за вмрежување на сите овие млади кои освен што ќе разменуваат идеи и ќе се запознаат, тие ќе можат и да таргетираат по еден реален проблем што го забележуваат во својата општина и заедно со своите врсници ќе добијат шанса да спроведат по една иницијатива во секој од овие 3 града поединечно. Со тоа тие ќе докажат дека младите можат, ќе ги мотивираат и мобилизираат и останатите млади да се вклучат во некоја слична иницијатива и сите заедно да делуваат и да го направат светот подобро место за живеење.

*Оваа активност е дел од “КОМПАС”, спроведувана од Linking, Engagement, Advocacy and Development—Master Class LEAD стипендистите Мартина Јачевска, Ана Клесова и Дарко Тошиќ финансиски поддржана од Проектот на УСАИД за граѓанско учество.