Skip links

Работилница за фотографија – архитектурата и убавините на Штип

Работилница за фотографија – архотектурата и убавините на Штип.
23, 24, 25 ноември, почеток 12:00 часот.

Проектот – работилница за фотографија е предвидено да се реализира во неколку фази. Првата фаза е тридневна работилница, од кои во првите два дена ќе се одржат во просториите на ОУК Дом на млади – Штип, каде менторите на учесниците (деца и младинци) ќе им ги претстават и објаснат основите на фотографирањето, запознавање со техниките на фотографирање, како и техничките сретства и технологијата која се употребува при фотографирањето. На третиот ден од работилницата учесниците заедно со менторите ќе излезат и ќе ги фотографираат убавините на градот Штип, архитектурата на градот, како и некои специфични случки од секојдневното живеење во Штип. Во втората фаза, менторите заедно со учесниците ќе селектираат одреден број на фотографии од сите учесници, кои ќе бидат испринтани со димензии 50х30 сантиметри. Во третата фаза е предвидена изложба на истите. Изложбата на фотографии ќе биде поставена во ОУК Дом на млади и ќе стои изложена една недела, а потоа изложбата со фотографии ќе биде изложена во зградата на Општина Штип. По спроведувањето на изложбата, во договор со директорите на училиштата во општина Штип се отвора можност истата да биде поставена на определено време во секое училиште, со што ќе се поттикнат младите да се занимаваат со уметност, односно фотографија, ќе можат да се запознаат со професионална опрема за фотографирање, а самите фотографии ќе придонесат, младите повеќе да го запознаат својот град и повеќе да го сакаат.

Leave a comment