Skip links

КАМЕРЕН КОНЦЕРТ – дуо кларинет и класична гитара

14.09.2022 (Среда)
Оук “Дом на млади” Штип
почеток 20:00 часот
ВЛЕЗОТ Е СЛОБОДЕН

Програма
1.Roberto Di Marino – Suite
-Milonga
-Interlude
-Tango
-Humoresque
2.Astor Pizzolla – Nightclub 1960
3.Ferdinand Rebay – Sonate in d-moll
-I Allegro molto moderato
-II Tehema und Variationen
4.Roberto Di Marino – Nocturne.
5. Franz Schubert – Arpeggione.

ДЕЈАН ЛАЗАРЕВСКИ-Гитара (Штип, 1986 год.)
Основното и Средното музичко училиште го завршил во родниот град во Државниот музички училишен центар „Сергеј Михајлов“ – Штип.
Студиите ги продолжил на отсекот за класична гитара на Факултетот за музичка уметност, при универзитетот Св.”Кирил и Методиј”, во Скопје, во класата на проф. Војислав Ивановиќ, а ги завршува во класата на проф.Тања Јанкова, каде што и магистрира.
Моментално е редовен проф. по гитара во ДМУЦ “Сергеј Михајлов” –Штип,и работи како хонорарен професор со насловно звање доцент на Музичката академија при УГД.
Бил предавач на Семинарот за класична гитара, под покровителство на “Струмица Опен фестивал” 2014,2015,година;Земал активно учество во прокетот: „Мusic Entertaiment“ – во Француска продукциска куќа, во рамките на МРТВ;Како солист и камерен музичар Лазаревски има настапувано на повеќе концерти, а дел од нив се: солистички концерти во Ликовен салон во Велес и ОУК „Дом на млади“ – Штип во 2021 година; солистички концерт во НУЦК “Ацо Шопов”- Штип ,2022 година; камерни концерти, дуо гитара со Горан Тонев во НУЦК „Антон Панов“ – Струмица и ОУК „Дом на млади“ – Штип во 2021 година. Има настапувано како солист и на Интернационалниот фестивал за гитара „Тремоло“, КИЦ „Салон 19:19“ – Скопје во 2017 година. Тој исто така има настапувано и со камерниот состав „Класична гитара и кларинет“ со Иле Колев на „Штипско културно лето“ во 2014 година, во Ликовниот салон – Велес во 2015 година, „Радовишко културно лето“ во 2013 година. Како член на камерниот состав „Дуо гитари“ со Виктор Пешчеров има настапувано на “Skopje Guitar Festival” во Скопје, во Сала „Фросина“ при МКЦ во 2015 година, како и концерт во “Horten Kulturskole” во Хортен, Норвешка во 2022 година.

ИЛЕ КОЛЕВ – кларинет
Иле Колев е Роден 1986 год. во Штип, Р.Македонија. Средно музичко училиште завршува во класата на проф. Раде Стојчев, а понатамошното образование го продолжува на Факултетот за музичка уметност на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” во Скопје отсек кларинет, каде што дипломира во класата на проф. м-р Иван Кочаров, а магистрира во класата на проф. м-р Стојан Димов.Своето образование го надоградува со посета и учество на семинари кај познати педагози од државата и странство како што се Николас Балдеру, Боби Јоцов, Џасти О’Дил, Огњен Попович, Пјер Генисон, Ромуалд Голебиовски Славко Ковачич и други.
Учествува на повеке натпревари каде бележи големи успеси стекнувајки се со награди и признанија.
Од 2010 е редовен проф. по кларинет во ДМУЦ “Сергеј Михајлов” –Штип. Води успешно менторирање на голем број ученици, на државните и меѓународните натпревари, каде што бележат бројни успеси.
Се јавува и како член во повеќе камерни ансамбли и оркестри:
– 2012 одржува свој солистички концерт во рамките на Штипско културно лето,2013 концерт на ,,Балкан Дуо” во склоп на ,,Радовишко културно лето” , 2014 Штипско културно лето концерт – Балкан дуо, 2014 концерт со ансамблот Портал во рамки на Скопско лето ,2015, проект од министерството за култура за концерт во Велес Балкан дуо истата година настапува на целовечерен концерт на Марјан Јанкоски и музичкиот состав Портал во Охрид издавање на две ЦД-а со музичкиот состав Портал и Маријан Јанкоски ,,Песни на вевчанската душа’’ 2015, и ,,Рожба’’ 2017 концерт на Маријан Јанкоски и Портал на есенски музички свечености – Скопје,2019 има концерти во Полска и Романија со академијата Еуро Арт.
-2020 издадени снимени композиции со Маријан Јанкоски и ,,Портал”

Leave a comment