Skip links

5+ БЕНД НА СЛАДОЛЕНД 5+ Бенд и Замрзнатиот Петко во Штип!

5+ БЕНД НА СЛАДОЛЕНД
5+ Бенд и Замрзнатиот Петко во Штип!

Ново изненадување од Замрзнатиот Петко и 5+ Фамилија, проследено со многу музика, игра и дружење, ве очекуваат на СЛАДОЛЕНД – мини-турнејата на Петко и 5+ БЕНД, која ќе се одржи во Штип.
По повод јубилејот на 5+ образовната и забавна платформа која повеќе од 15 години успешно ги забавува и едуцира не само децата, туку и родителите, 5+ БЕНД и 5+ ФАМИЛИЈА подготвија ново музичко-сценско доживување за децата – овој пат фокусирајќи се на пораки за здрава и чиста животна средина и заштита на планетата.
Препознавајќи ја итноста на потребата од повторна популаризација на еколошките вредности, својот петнаесетгодишен јубилеј 5+ ФАМИЛИЈА го посветува токму на таа тема, со одржување на концерт во Дом на млади, во вторник 14 јуни во 19:30 часот.

Концертот се одржува во соработка со Општина Штип и Дом на млади.
Влезот е бесплатен.
Петко и 5+ Фамилија ве очекуваат!

Leave a comment