Skip links

Сонцето во зборот- Промоција на книга на Андреј Јанков

Штипско културно лето, 35то по ред, претставување на младиот поет Андреј Јанков.
29.07.2020 со почеток во 20:30

Промотор: Проф. д-р Јованка Денкова
Поетско читање: Искра Постолова, Андреј Јанков

Андреј Јанков е роден 1998 година.
Основно училиште завршува во ОУ „Малина Попиванова“ –
Кочани, а средно во СОУ „Коле Нехтенин“ – Штип.
Студент е на Филолошкиот факултет „Гоце Делчев“ на
Катедрата за македонски јазик и книжевност. Својата
пасија и љубов кон пишаниот збор ги пројавува некаде
околу средината на неговата адолесценска возраст.
Континуирано и внимателно го гради своето
творештво врз една стабилна, уредна и успешна низа
од безброј песни, раскази и есеи. Се стекнува со голем
број на награди, трофеи, дипломи и благодарници.
Учествува на разни литературни манифестации во и
вон државата. Активен член е во литературниот клуб
„Копнеж“ – Кочани, во книжевното списание „Кула“ и
во Студентското собрание при Филолошкиот факултет
во Штип. Пишува поезија, проза, хаику-поезија, есеи.
Ова е неговата прва стихозбирка, која претставува
збирка поезија.

Leave a comment