Skip links

Литературен конкурс за краток научно – фантастичен расказ

РЕЗУЛТАТИ од литературен конкурс за краток научно – фантастичен расказ.

Од распишаниот конкурс во ОУК „Дом на млади“ Штип, за оригинален научно-фантастичен расказ, пристигнати се 5 (пет) раскази со следните наслови:
1. Тажниот лист
2. Тајниот неверојатен свет
3. Осамените книги
4. Посета на друга планета
5. Авантурата на Коко

Комисија во состав:
1. Проф. д-р Јованка Денкова
2. М-р Трајче Кацаров
3. Делчо Везенковски
По разгледувањето на пристигнатите раскази, истите беа разгледани и евалуирани.

Одлуката на комисијата за рангирањето по категории е:
1. Најдобар расказ во категоријата на основни училишта е – Тајниот, неверојатен свет.
2. Најдобар расказ во категоријата на средни училишта- Посета на друга планета.
Штип, 05.05.2020
Среќен 5 Мај – Денот на македонскиот јазик!
За литературиот конкурс
За краток научно – фантастичен расказ
ОУК Дом на млади-Штип, со цел да ги активира учениците со вон-училишни активности, да поттикне стремеж кај учениците за стекнување повисоко ниво на знаење од областа на литературата, да ги поттикне учениците и аматерите кон проширување на знаењата и да ја популаризира креативноста кај учениците од основните, средните училишта и студентите и други до 21 година, согласно Годишната Програма за работа, организира литературен натпревар за краток научно – фантастичен расказ на слободна тема.
Натпреварот ќе се одржи и е во целосна организација на Општинската установа за култура “Дом на млади”-Штип.
Идејата е да се натпреваруваат во две категории-ученици од основните и ученици од средните училишта заедно со студенти и други до 21 гoдина.
За таа цел, Домот на млади распиша Конкурс за оригинален научно – фантастичен расказ на слободна тема.

Leave a comment