Skip links

Прво лице еднина – Монодрама

„Прво лице еднина“ – Монодрама
Среда 26. 02. 2020г, поч:20:00ч

Во Дом на млади Штип премиерно ќе биде прикажана монодрамата „Прво лице еднина” од режисерката, Драгана Гунин во изведба на актерката Владанка Димковска. Текстот е на Димковска, работен по мотивите на „Добра ноќ за бунтовни девојчиња” од Елена Фавили и Франческа Кавало.
Актерката ќе прикаже повеќе женски ликови, ќе го прикаже патот на себепронаоѓање и ќе понуди одговори за уметноста. Таа ќе им испрати порака дека никој, никогаш, не треба да се откаже од своите соништа.
Приказната е раскажана преку жените, на поемотивен и посензитивен начин, сепак ги засега сите луѓе, затоа што станува збор за раскажување на „сопствената приказна“, како и соништата кои секој еден човек ги има.

Leave a comment