Skip links

Проекција на филмот „Медена земја“ во ОУК Дом на млади – Штип

„Медена земја“ на 27 септември во Штип!
Најнаградуваниот македонски документарец, што со победа во три категории на почетокот на годинава триумфираше на престижниот филмски фестивал „Санденс“,на 27 септември ќе се прикажува во Штип! Филмот, што е годинешен македонски кандидат за „Оскар“ и е во трка за најдобар документарец на Европските филмски награди, ќе се прикажува во Домот на млади, со почеток во 20 часот.

„Земи половина од медот, половина остави за пчелите.“
По ова правило за баланс со природата се води Атиџе, последната жена-одгледувач на диви пчели во Европа, која живее сама со својата мајка во централна Македонија. Но,
кога во нејзиното соседство ќе се досели номадско семејство-пчелари, таа се соочува со сериозен предизвик, да ги спаси пчелите и да ја зачува природната рамнотежа на земјата.
Ако еден го прекрши правилото, сите ја плаќаат цената!

Времетраење: 85 мин.
Режисери: Љубо Стефанов и Тамара Котевска
Сниматели: Фејми Даут и Самир Љума
Продуцент и монтажер: Атанас Георгиев
Музика: „Фолтин“
Протагонисти: Атиџе Муратова, Назифе Муратова, Хусеин Сам, Љутвие Сам, Музафер
Сам…
Жанр: Документарен
Возрасна категорија: Сите
ВЛЕЗНИЦИ: 100 мкд во Домот на млади Штип.

Leave a comment