Skip links

Пепелашка – инклузивна претстава

Ни претставува задоволство да Ве поканиме на изведбата на инклузивната претстава „Пепелашка“, во која главните улоги ги играат деца со попреченост.
Претставата ќе се одржи на 14-ти септември 2019 година (сабота) на отворената сцена во Домот на млади во Штип, со почеток во 19.30 часот.

Претставата ја подготви танцовото инклузивно студио „Еурека“, а делумно е помогната преку проектот „Попреченоста е прашање на перцепција“ кој го спроведуваат Институтот за медиуми и различности од Лондон, Македонскиот институт за медиуми и Националниот совет на инвалидски организации на Македонија. Овој проект е финансиски поддржан од Европската Унија.
Влезот е бесплатен.
Со почит,
Институт за медиуми и различности од Лондон
Македонски институт за медиуми
Национален совет на инвалидски организации на Македонија
Поддршка за одржувањето на претставата обезбедија:
Дом на млади – Штип
Град Скопје
Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП)
Општина Штип
Радио Канал 77
ТВ Ирис
Национална опера и балет
ГО „Мобилност“, Штип
ЦПЛИП – „Порака“, Струмица
ЦПЛИП – „Порака“, Радовиш

Leave a comment