Skip links

Камп на различностите – Колонија на различностите

ДОКОЛКУ ИМАШ ДАРБА ЗА ЦРТАЊЕ И СИ НА ВОЗРАСТ ОД 8 ДО 16 ГОДИНИ ПРИЈАВИ СЕ :
Fb/ Дом на млади , Инстаграм/ Dom_na_mladi_stip
Повикот е отворен до 09.09.2019г
Бројот е ограничен на учесници затоа што е предвидено секој учесник да добие свои материјали за работа и прибор за цртање.
Ликовната колонија ќе трае четири дена и ќе биде исполнета со незаборавни моменти многу забава и ќе финишира со голема изложба која ќе биде преставена пред граѓаните.
Ликовната култура во Дом на млади може да биде еден од главните столбови во подобрувањето на квалитетот на културната понуда за младите кој живеат во нашиот град па и пошироко. Како и Христијан секој од вас има нешто со што може да учествува во културнот развој на својот град, така и ние одлучивме да ја направиме заеднички првата „Колонија на различностите“ -ликовна колонија за млади. Таа пред се ги опфаќа: различностите,посебностите, вештините, хуманоста, солидарноста, заедништвото и идеите на заедницата кои можат една општина да ја направат интересно место во кое ќе скаат да живеат, да работат, да посетуваат и творат.

Leave a comment